Сакаш да научиш да изработуваш електронски плочки?

Ти си на вистинското место!

Спремивме едно месечен курс во кои учиме основи на електроника, преку практичен пример и изработка на продукт. Звучи интересно?

Спремивме курсеви за електроника за почетници и за љубители 🙂 – дали ова ти звучи интересно?

.
Овој курс по електроника е дизајниран за целосни почетници кои сакаат да навлезат во светот на електрониката. Курсот се состои од 9 предавања и започнува со основните концепти како струја, напон и отпор, и постепено преминува кон попрактични вештини како лемење и работа со електронски компоненти. Студентите ќе научат за различни електронски компоненти како диоди, транзистори и интегрирани кола, а ќе работат и со инструменти како мултиметар и осцилоскоп. Курсот завршува со практичен проект кој ги обединува сите научени концепти. Особено е погоден за ентузијасти, хоби електроничари и секој кој сака да научи како функционираат електронските уреди од нула.

Курсот ќе се оддржува во мај, 2 пати неделно, и ќе има вкупно 9 часа. Цената е 12000 денари.